Home – About

За Бисер |

За да се проникне во битот на еден народ, треба да се слушне неговата песна, да се погледне неговото оро, да се почуствува неговиот мелос.

Токму тоа е суштината што ги поведе овие луѓе да бидат дел од традицијата и извор на непресушниот гениј на Брсјаците на Мијаците и Копачаните и на сите кои живеат во Кичевско.

,,Бисер,, е Културно уметничко друштво изникнато од традицијата . пренесена преку орото и песната на старите мајстори и звукот на кавалот, тапанот и гајдата.
Сепак тоа се оригинални поставки на древниот македонски бит, преработени со модерни кореографски пристапи. Покрај убавите ора и песни и инструменти значајно богатство за овие членови на ансамблот се и нивните носии. Всушност тоа се оригинални одежди на нивните предци, на нивните баби и дедовци . Токму тоа е вредноста која треба да се пренесе за идните генерации.

Во текот на своето повеќегодишно постоење членовите на овој ансамбл со сиот свој сјај блескаат на многубројните фолклорни фестивали и смотри како во Републиката така и во странство за што секогаш публиката ги наградува со бурни аплаузи и овации , а стручните жири со највисоките признанија и врвни награди кои секогаш гордо и радосно ги носат како победници.

Во текот на последните две децении, КУД "БИСЕР" од Кичево со голем успех ги реализираше поставените цели и задачи, како развој на културниот аматеризам, истражување, собирање, обработка, презентација и афирмација на богатото фолклорно наследство. Ансамблот стана вистински претставник на македонската фолклорна традиција и е препознат и посакуван не само во земјата туку и во други држави.

Во текот на годините, КУД "БИСЕР" успешно настапуваше на разни поводи, проштества, манифестации, саеми, фолклорни ревии и хуманитарни акции. Со голем жар, ансамблот редовно се појавуваше на фолклорни фестивали и такмичења како во земјата, така и во странство. Посебно задоволство предизвикуваат големите броеви на целовечерни концерти. Секоја година, ансамблот се поставува пред многубројната публика со бројни целовечерни самостојни концерти и како редовни членови на СОФАМ и преку регионални и завршни републички фолклорни смотри.

КУД "БИСЕР" може со право да се гордее со богат репертоар, вклучувајќи голем број на кoреографии и комплетен оркестар на автентични инструменти за изведба на изворни традиционални постановки како водичарски, велигденски, џурџовденски, свадбенски и други.

Ансамблот вклучува активно над 170 членови, поделени во играчки состав, машка и женска пеачка група и оркестар за народна и изворна музика. Во изминатиот период, ансамблот имаше можност да настапи на многу места и при различни прилики, успешно претставувајќи го богатото фолклорно наследство.

Некои од значајните настапи на фолклорни фестивали во Македонија вклучуваат MFF "Владимир Полежински" во Кичево, MFF за деца во Кичево, FF "Велигденски кули" во Македонски Брод, FF "Тодорица" во Свети Николе, MFF "Пображеве" во Вевчани и други. Сепак, ансамблот исто така имаше значајни настапи на меѓународни фолклорни фестивали во земји како Бугарија, Србија, Хрватска, Полска, Романија, Албанија и Турција. КУД "БИСЕР" посветува особено внимание на фолклорните фестивали во земјата и странство, кои се натпреварувачког карактер. Поради тоа, со гордост се истакнува со голем број на први места и признанија на домашната и меѓународната сцена.

Играчкиот состав, пеачката група и оркестарот работат под уметничко раководство, додека ансамблот се управува од страна на претседателот, управниот одбор и секретарот.

Културно Уметнчко Друштво - Бисер

Адреса : Пролетерски Бригади бр.1 Кичево

© 2024 КУД БИСЕР